ПОЛИТИКА ЗА ВРАЌАЊЕ

Оваа политика за поврат на средства и за враќање односно замена на производ се однесува  само за оние производи кои се нарачани и платени од страна на купувачите, преку онлајн продавницата www.kmg.mk и истата ги опфаќа следните услови:

  • Доколку се случи купениот производ да е фабрички неисправен, истиот подлежи под гаранција доколку се врати во иста состојба во која е примен, без видливи физички оштетувања и во оригиналното пакување.
  • Враќање односно замена на производ се врши исклучиво доколку се работи за оштетен производ од страна на производителот, односно доколку производот е со фабричка грешка и доколку производот е вратен без видливи физички оштетувања и во оригиналното пакување.
  • Купувачот има право да побара враќање/замена на производот во рок од 24 часа по приемот на производот.
  • Барањето за враќање на производот испратете го преку нашата контакт веб страна, а можете и да не контактирате преку контакт деталите оставени на нашата контакт веб страна и ќе ви дадеме повеќе инструкции околу Политиката за враќање/замена на производот. Во барањето треба да се наведе причината поради која го враќате/заменувате производот и доколку сакате производот да биде вратен а не заменет, треба да се наведе и трансакциската сметка за поврат на средствата. Трансакциската сметка наведена во барањето треба да се совпаѓа со онаа од која е извршено плаќањето т.е. нарачката.
  • Откако ќе го разгледаме вашето барање, ако е одобрено ќе ви бидат рефундирани вашите средства или ќе ви биде испратен нов производ.
  • Рефундирањето на уплатениот износ ќе го извршиме во рок од 10 работни дена на платежната картичка, односно трансакциската сметка од која е извршена првичната нарачка.
  • Замената на производот ќе биде направено во рок од 10 работни дена, доколку се исполнети условите и е одобрено барањето за замена.

ОДГОВОРНОСТИ НА www.kmg.mk

www.kmg.mk  ги презема и користи сите расположиви мерки да овозможи највисока сигурност и безбедност на веб страницата. Меѓутоа, не можеме да гарантираме дека е невозможен пристап на хакери, компјутерски вируси и слично со што и корисниците би биле засегнати. Секој корисник се согласува да ја употребува оваа веб страница на сопствен ризик.

Нашата цел е да бидеме достапни 100% од времето, меѓутоа може да се случи страницата да е недостапна во одредени периоди поради било каква причина надвор од наша контрола. Во никој случај нема да сносиме никакви материјални или други последици доколку не сме во можност користењето на интернет продавницата да биде непречено или целосно без грешки.

Доколку е присутен линк кој ќе Ве поврзе со други страни, ние не превземаме никаква одговорност во однос на информациите и заштитата на личните податоци кои ги обезбедуваат тие интернет страни. КМГ Солушнс не ги прегледува веб страниците на кои преку линк се стигнува до www.kmg.mk и не е одговорен за содржината на веб страниците кои упатуваат на нашата веб страница.

Секој корисник при регистрација и купување, изјавува дека е запознаен и се согласува со нашите политики и правила за приватност и користење, а се објавени на нашата веб страна.

Корисниците кои купуваат преку www.kmg.mk имаат можност на социјалните мрежи да објавуваат искуства, забелешки и пофалби за производите или да објават коментари, прашања или други информации се додека содржината на истите не е нелегална, заканувачка, навредлива или категоризирана како “SPAM”. КМГ Солушнс ќе ги отстрани сите пораки кои спаѓаат во горенаведените категории.

КМГ Солушнс ДООЕЛ Скопје може да ги промени Правилата за користење во било кое време без претходно известување, но по промената истите веднаш ќе бидат објавени на нашата веб страна.