ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГАТА

Добредојдовте на www.kmg.mk . Ве молиме внимателно прочитајте ги Правилата за користење и Политиката за приватност пред да започнете да ја користите интернет-страницата.

Со користењето и/или посетувањето на интернет-страницата www.kmg.mk и/или која било под интернет-страница на www.kmg.mk Вие се согласувате со Правилата и условите за користење на услугата и со Политиката за приватност. Доколку не се согласувате со некој од овие услови, Ве молиме да не ја користите интернет-страницата www.kmg.mk .

Овој Договор за правилата и условите за користење на услугата е договор помеѓу Вас (корисникот) и КМГ Солушнс ДООЕЛ (ние).

www.kmg.mk може повремено да прави измени во Правилата и условите за користење на услугата, при што тие ќе стапат во сила во моментот на нивното објавување на интернет-страницата. Вие сте согласни да ги прифатите промените во Договорот и тоа веднаш по нивното објавување. Поради тоа, особено е важно редовно да го прегледувате Договорот, со цел да се осигурате дека сте навремено информирани за сите промени.

АВТОРСКО ПРАВО, ТРГОВСКА МАРКА И ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ

Сите материјали на оваа веб страница се во сопственост на КМГ Солушнс ДООЕЛ сопственик на www.kmg.mk . Секое копирање, дистрибуирање, пренесување, или на друг начин модифицирање и користење на материјалите од оваа веб страница без изречена писмена дозвола од КМГ Солушнс ДООЕЛ е строго забрането. Секое прекршување на оваа политика може да резултира со прекршоци на авторските права, трговската марка или друга интелектуална сопственост и може да го доведе корисникот до граѓанска или кривична одговорност.

ОПИС НА ПРОИЗВОДИТЕ И ФОТОГРАФИИ

За сите производи кои се продаваат преку www.kmg.mk направен е обид да се опишат најблиску и најточно што може. Фотографиите ги прикажуваат вистинските производи и истите се во сопственост на КМГ Солушнс ДООЕЛ Скопје.

ЦЕНИ

Сите цени на нашата веб страна се изразени во денари, со вклучен ДДВ, со вклучени трошоци за пакувањето и трошоците за испорака на производот до вашата адреса.

ДОСТАПНОСТ

Сите производи кои се продаваат на www.kmg.mk правиме обид постојано да ги имаме на залиха, но не гарантираме дека одреден производ секогаш ќе биде достапен. Доколку производот не е достапен истиот нема да можете да го нарачате.

ПЛАЌАЊЕ

Плаќањето за вашата нарачка можете да го направите со платежна картичка (Visa, MasterCard, Maestro). Сите процеси се одвиваат преку сигурна https конекција. Трансакцијата при плаќање на производот е пренасочена и се процесира преку портал за наплата од електронски платежни картички.

За секоја успешна нарачка и плаќање ќе ви биде испратена електронска фактура на емаил адресата која сте ја оставиле за контакт при регистрирање на нашата веб страна.

ИСПОРАКА

За испорака на производите имаме склучено договор со Карго Експрес. Во договор со Карго Експрес, КМГ Солушнс испорачува во сите градови во Македонија и до 5 километри надвор од влезната табла на градот. Нарачаните производи ќе Ви бидат испорачани до адресата која сте ја навеле како адреса за испорака. Доколку адресата на испорака е населено место подалеку од 5 километри надвор од влезната табла на градот, купувачот е должен да го подигне производот од најблиското застапништво на Карго Експрес.

Испораката на вашата нарачка се извршува во рок од 3 работни дена. Доколку  курирот кој ја врши испораката не успее да Ве најде на дадената адреса и да Ви ја предаде пратката, ќе бидете контактирани на телефонскиот број кој сте го оставиле за контакт. Од таа причина е многу важно при нарачката да оставите точни податоци и точен телефонски број. Истите се користат единствено при испораката.

Секој купувач е должен при испорака на производот да го провери за евентуални оштетувања при транспорт и да провери дали пратката е комплетна. Доколку производот е испорачан оштетен или пратката не е комплетна, купувачот е должен да не информира веднаш.

КМГ Солушнс ДООЕЛ Скопје го задржува правото да задоцни со испораката доколку од било каква причина задоцнат паричните средства на нашата жиро сметка при плаќање од купувачот.