ПОЛИТИКАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Политиката за приватност објаснува како КМГ Солушнс ДООЕЛ (во понатамошниот текст “ние”) ги користи вашите податоци и се однесува на нашата веб страна www.kmg.mk Со Политиката за приватност се уредува правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се цел на обработка. Ве молиме прочитајте ја Политиката за приватност како полесно би разбрале кои информации ги собираме од Вас и како ги користиме тие информации. Исто така препорачуваме и повремено да ја проверувате истата, бидејќи го задржуваме правото за промена на Политиката за приватност. Сите промените ќе бидат објавени во оваа Политика за приватност.

Со пристaпување или со користење на нашата веб страна се согласувате со сите услови дефинирани во оваа Политика за приватност.

ПРИБИРАЊЕ И ОБРАБОТКА НА ИНФОРМАЦИИ

За лични податоци се сметаат податоците со кои се утврдува идентитетот на потрошувачот како што се: име, презиме, поштенска адреса, контакт телефонски број и електронска адреса и истите се доброволно поднесени од корисниците нa www.kmg.mk. Нарачка на производ е можна само доколку корисникот се регистрира во системот на КМГ Солушнс. За време на процесот на регистрација се собираат следниве информации: име, презиме, поштенска адреса, контакт телефонски број и електронска адреса.

КМГ Солушнс не собира никакви информации од финансиска природа како број на картичка и/или број на банкарска сметка.

Сите процеси се одвиваат преку сигурна https конекција. Трансакцијата при наплаќање на производот е пренасочена и се процесира преку портал за наплата од електронски платежни картички.

УПОТРЕБА И ЧУВАЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

КМГ Солушнс нема да ги злоупотребува, нема да ги дава ниту открива личните податоци на корисниците, освен во случаи кога тоа го пропишува законот. Употребата на личните податоци ќе биде исклучиво за технички потреби за интернет страната, за да овозможи пристап до специфични информации или за општа комуникација со корисниците. Сите податоци за корисниците се чуваат строго и им се достапни само на вработените во нашата компанија и истите се обврзани да ја почитуваат доверливоста на вашите податоци.

Во случај на трансфер или продавање на бизнисот, информациите за корисниците како дел од бизнисот исто така се пренесуваат понатаму, но тие остануваат да бидат заштитени со претходната Политика за приватност.

СЛОБОДА НА ИЗБОРОТ

Секој корисник доброволно ги дава своите лични податоци на КМГ Солушнс и сам ги контролира информациите што ги дава. Доколку корисникот одлучи да не ги дава своите информации на КМГ Солушнс треба да има во предвид дека некои делови од интернет страницата www.kmg.mk може да не бидат достапни.

ЗАШТИТА НА ВАШАТА СМЕТКА

Вашата лозинка е клучот од вашата сметка. Вашето корисничко име и лозинка треба да се разликуваат и да Ви бидат познати единствено Вам.  Препорачуваме при креирање на вашата лозинка да користите броеви, букви и специјални знаци. Доколку изгубите контрола врз лозинката, губите контрола и врз вашите лични податоци и можете да станете предмет на законски водени активности направени во ваше име.  Доколку вашата лозинка е компромитирана од било која причина, веднаш известете нè и променете ја лозинката.

COOKIES/ТЕХНОЛОГИЈА НА СЛЕДЕЊЕ

Оваа веб страница може да употребува колачиња (cookies) и технологија на следење кои се корисни за прибирање на информации (не-лични податоци) како што се тип на пребарувач и оперативен систем, следење на број на корисници на веб страницата и просечно време на употреба на веб страницата од страна на корисниците. Овие информации се снимаат автоматски и се користат за подобрување на содржината и функционалноста на веб страницата со цел прилагодување кон потребите на корисниците. Овие информации не се проследуваат понатаму и не се пренесуваат на трета страна.

МАЛОЛЕТНИ ЛИЦА

КМГ Солушнс им препорачува на сите родители и старатели да ги научат своите деца на безбедно и одговорно ракување со личните податоци на интернет. Малолетните лица не смеат да даваат лични податоци без дозвола од нивните родители или старатели и не смеат да креираат сметка на нашата страна. КМГ Солушнс никогаш нема намерно да земе лични податоци од малолетници, или да ги употреби на некој начин, ниту да ги проследи на трета страна без дозвола.

КОМЕНТАРИ И КОРИСНИЧКИ СОДРЖИНИ

Доколку на нашата веб страна поставите коментари или кориснички содржини кои содржат лични информации, треба да имате на ум дека истите може да бидат прочитани, преземени или искористени од страна на другите корисници и посетители на веб страната или од трети лица и компании. Ние не сме одговорни за овие информации и не може да гарантираме дека тие нема да бидат искористени од трети лица и/или надвор од нашата веб страна.

СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

КМГ Солушнс (kmg.mk) им дава на корисниците можност за комуникација и објавување на содржини на јавни мрежи како Facebook, Instagram, Twitter, Google+ и др. Вашата интеракција на овие мрежи и сите информации кои ги објавувате преку нив се јавно видливи и достапни надвор од нашата веб страна. Секоја социјална мрежа има своја политика за приватност. Доколку не сакате тие информации да бидат јавно достапни, тогаш не треба да ги користите овие можности на нашата веб страна. Ние не сме одговорни за информациите кои ги објавувате на овој начин.

ВРСКИ СО ДРУГИ ИНТЕРНЕТ СТРАНИ

Објавите во оваа Политика за приватност се однесуваат само за оваа веб страница. Кога ќе ја напуштите интернет страната kmg.mk Ве молиме бидете свесни и прочитајте ги политиките за лични податоци на секоја друга интернет страна.

ИНФОРМАЦИИ ЗА ПОЛИТИКАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Доколку имате некои прашања што се однесуваат на заштитата на личните податоци и како ракуваме со нив, Ве молиме контактирајте не преку контакт формата на нашата веб страна или искористете ги контакт информациите приложени таму за да нѐ контактирате.

ОБЈАВА ЗА ПРОМЕНИ

Доколку има промени во Политиката за заштита на личните податоци, истите ќе бидат напишани во оваа страна. Политика за заштита на личните податоци и ќе биде објавена на нашата веб страна.

Последна промена: Август 2018